Лажен живот фејсбуковски - Шеталиште

Новости

Битолски трачарлуци

Лажен живот фејсбуковски

Сликање, фаќање, кадри, фотки од манџите, престојните хотели од летово, базени, новите купачи, спа и бјути центри, новиот фриз, кафенцето испиено од навика и шо уште не!

А се е лажно. Создадовме до толку лажен свет, за кој знаеме оти не лажи, али некако си се прилагодивме на цел тој ,,фејк” гламур. И ко ќе видиш шубо сето то изгледа. Хепи фемили на слика, а зад слика очите ќе си ги изват. Среќни врски и ,,ин рилејшншипи”, а тие везе немат кај терат.

Ни ,,т” од те сакам, ни ,,м” од ми фалиш и постираните „лав сонгс”. Глупост до глупост. Апсурдност до апсурдност. Се чекирале кај работат, шо работат, со костуми в канцеларија, а на улица да ги сретниш, ќе ти се истурат од жалење и кукање:,, Не дава плата, сто сати на работа, колегите катастрофа!” Уште нареден викенд, ќе се сликат оптегнати в меана и напишале: „Тимот кој победува!“

Лажни ефекти за животот, фото шоп на секојдневието. На кој му мачкаме очи? Манџата едвај се чека да се зготви за да се клај на инстаграм софрата, па да се види колку јака била домачицата. А внатре ако му влезиш дома, прашина неизбришена сто години, мажо остаен гладен и пајнците една недела мрсни остаени оти се карале кој да ги измие. На фејсбук со сто кила шминка и клепки, а околу огледалото (кај шо не фаќа кадарО) капнато од пудрата и кармино по полици, гнасоча околу таа шминкерската и тоалета на госпојцата. Лажни пријателства, оговарање на секој сто метра, а на коментар:,,Срце мое најубо!”

Политиките да не ги прајме муабет и револтот искажан во коментарите и таа беспотребна палета од кавги и омраза. Е само тука е обратно. На маса први другари се, ако се фатат за по некое бириче пЉус! Али ако фати од појќе пијачката, мава в гла пак муабето од фб и кавги опет!

Значи ок, се видовме на фејсбук, дај сега да се запознајме.

To Top