Новости

Битолски трачарлуци

На гости порано и сега!

Прво, најбитно е шо порано имаше гости шо ќе ти дојдат, сеа само ако си борчите нешо ти идат. Или ако случајно не ти дошле на свадба или па не си праел свадба, оти намерно си нејќел да прајш свадба и да ги избегниш сите тие зурли, тапани трошоци и кредити, али овие „гостиве“ сепак ќе ти речат: „Како мори муцка ти наше дете си, кај тебе да не дојме со една бомОњера, да честитаме!“ И вистина само бомбоњера ќе ти дојсат, а ти спремај ордевери, малдевери, месишта, викај кетеринзи, по ноќој меси кифлиња вакви, кифлиња онакви, отворај виската од пред седум години татко ти шо си ја чувал за во посебна прилика. Па пУба од ова каде! И се само за да се напрајш нешо фраер пред гостите и да се испонашаш.

Значи или ти идат за свадба по новото, да ги почастиш и по повод или без повод, па да се фрлат на пиење и оговарање или пак комшијата ќе ти речи: „Ја праеше, ја праеше та ракијата, една чаша не даде!“ – само за политика да разврзите муабет и да ти се пофали оти и тие со жената во фабрика му се „придружиле на фамилијата“ оти само таму плаќат и рајат се, ако третата смена слабо се издржва.

 

Порано на гости ќе ти се најавеа два три дена уназад и ти арантаран и си готвел и си смислувал какви салфетки ќе послужиш на маса. На гости се одеше за име, повод, слава. Печеше домаќинката зелници, кифлиња и сецкаше салами. Сега на готово и ги „сецкаат“ парината ко ќе искешират кај  кетеринг службата.

МуабетО на гостите жени е за то колку уба била салатата и брзо-брзо рецептата да се кажи. „Не му кладов лук да ти кажам, оти можи нејќат сите“ или пак: „Овај фустан ми е да ти кажам од мажот ми поклон за годишнината и еден беше нема појќе ваков!“ или пак: „Шо збораш мори она Трајанка банкротираја?“

Меѓу мажите пак, муабетО си течи стално за бизнис и сите ко да си имат некое посебно си его од типот:„ Абе јас сакав да го зеам тој дуќанО да го работам, ама се зафатив со друго и остана така муабетО“. Кој колку напрајл, колку постигнал и секогаш е поентата дека и тие многу бизниси имат во глата, ама некако тешко му оди реализацијата. Пусти мерак за то кој колку имал, кој од келнер станал газда, кој заминал во странство, колку пари дојсол и колку е поскапена струјата и бензинО.

Фала Богу пред цела вечера да бидни се слика софрата и се клава на фејзбук. Сите се дотерват за на слики, не за дотичните домаќини. Цела работа е за во виртуелниот свет колку лајкој ќе се соберат.

…. И стално, СТАЛНО завршва муабетО со политика. Е тогаш без разлика кој гости ти се дојдени, исклучиво се разговара на висок тон. Ако се попримерни гостите, муабето ќе има крај. Ако не…нема.

Е на крај најјако е шо ти клапнуват очите и можи едвај чекаш да заминат гостите, а тие се запиле, размуабетиле и ко ќе одлучат конечно да си одат, на бегање пред да влезат в такси, му велиш: „Абе оти бегате, требаше да си посејте!“

To Top