Новости

Битолски трачарлуци

На одмор некогаш и сега!

На одмор некогаш да си признајме инаку стоеа работите. Ќе се земеше некоја приколица во некој камп, ќе се договореше друштво од триестина души се крцкаше со плаќање на рати, со домати, крастајци, скари и мари кои ќе се расчадеа пред приколица. Фала богу жената над шпоре по цели деној имаше да се чади, а мажО бељотче со другарите онака под стреа ќе плескаше со кило ракија и „жено тури по уше една“! Обавезно се земаја столици за на излет, масиња, крпи и еден шкаф алишта за беблако. Ќе се опнеше чадоро в песок и ќе се слушаше:„не ој во длабокотооо!“ Љубејннцата се спружваше на крајО и како неизбежен детал се бркаја мувите околу неа.

А денес, шо прајме со лежалките, со крпите кои шо срамота е да ги постелиш и журките на плажа?! Поранешните „игранки“ сега се сторија во техно журки, ракијата се замени со некои жестоки пијалоци од ѓаол и пол кркачи и љубејнцата можиш да ја вкусиш едино во некој коктел со смешен алкохол и кило мраз. Изладени, пијани и дрогирани… Со гости во глата, се секираме за сметките кој ќе ги плати од ко ќе се вратиме дома, а успат си прајме селфи за то колку сме сите ние хепи на интернет. Децата ги чуват свекрвите, а пресно „земените и одземените“ морале да се излуфтират на „пена парти“. Некако сакаме да ги пратиме трендојте али слабо ни оди. И место кулирањето и читањето на книга, сега има фотки од книгата. Еднаш дури ја гледа книгата „преубата“ млада мамичка оптегната на лежалка во некоја сехи поза, друг пат дури ја врти страницата, али да ја прочита – никако. Наместо муабето за свекрвата и свекрво и тро жалење од нив, а не за финансии, сега се слуша само:„Ку ку куууу!Тешко ни е, далеку сме, шо ќе прајме?!“

И пак истото на бегање кон дома. Со тешки депресии едвај се вклопуваат во системот, варат турско кафе и сепак мезнуват од љубејнцата, раскажувајќи им на комшијата колку имаат прошетано и колку сме ние само назад.

Студирајте на БАС
To Top