Новости

Битолски трачарлуци

На „шопинг“ во битолската чаршија!

wikimedia commons

И ај ќе си речиш да „маниш“ eден шопинг низ битолската чаршија! Еден круг в чаршија. Низ битолските дуќани… кај пазарот, низ некогашната еснафска – прва лига чаршија.

Али ни дуќанџии, ни пазарџии ќе сретниш. (Чест на исклучоците и ,,апро по” мора да се додај оти пола генерација в дуќани продават алишта или ќелнери се, нив не ги гибаме.) …И си одиш така дотеран по дуќани со надеж оти ќе ги наполниш ќесите со нешто ем ефтинко, ем коска бате. Значи битно одиш да се расположиш. Али место тоа, внатре не наоѓаш никој, ами… на кафе и цигара се надвор оптегнати продавачите. ,,Шо прајте? – Еве работиме”- ќе ти речи наконтената госпожа – продавачка дури му вели на комшивката од другиО дуќан: ,,Дупни желба сега во филџанот”!

Прво срам ти е да влезиш оти пред излогО се нацртале шес души. Ко ќе поминиш пред нив настапва потполна тишина, а не дај Боже да влезиш кај неа в бутик за да купиш нешто. Ќе бидиш пречекан со непријатен поглед кој би ти рекол:,,А чупее/ детеее, то последно е. За тебе немаме бројче!” Во превод:,,Кај најде сега да дојдиш, ми го скина раето!”

wikimedia commons

Не дај Боже да му речиш оти си четириеска бројче, одма ќе те измаршира и ќе те изгледа попреку. Го има и моментот кај шо можи и да те опсипа со комплименти продавачката. Онака апла лажни чисто за да ја продај робата на и покрај се ,,нереални намаленија и распродажби”. Ко ќе видиш, тогаш знаат да бидат најфини, најнасмеани, а ако го „опуштиш“ џебО дури и ,,убав ден” ќе ти речат. Нема добар ден, нема повелете, а пак пријатно, ако се изнапробва, а ништо не купиш…е мало морген. Јако е шо има и муабет од типот:,,Слушај, ако не сте за купвање, не пробвајте ок!”

Битен факт за денешната битолска чаршија е моментот со газдите. Пусто кабадајско не го даваме. Тие триста кредити кренале, крај со крај не само шо не можат оти „не дава“ работата, ами и не знат да врзат, али онака одважно ќе те гледат од високо, а со седум илјади плата вработените ќе се тегнат уште пред дуќани и ќе си пафкат цигари и кафици ќе шмркат.

Не оти на некој му е поарно. Али ко ќе видиш за толку пари, никако не ти иди да се насмејш и да не му речиш на муштеријата:,,Неаме бројче за тебе! Ај сега пријатно! …Комшиии ќе варам кафе. Со колку лајчина шеќер го сакаше?!”

Студирајте на БАС
To Top