Новости

Битолски трачарлуци

Нема срам од работа! Така се тешиме или…?

Нова година, нови предизвици, та за љубоФ, та за посао или кариера по странЦки. Чисто се сумља дали тоa ќе се испрат рабоЌето, али ај да си бидиме позитивни.

Eдно е јасно, шо се тиче до чакатите и празните џебој, ќе си има пА тегнење и нервози и барање по огласи и во трудО пријавување и оти не го дават то „Ка 15ето“ и оти калимеро нема правда и само кај нас и кај нас пА ќе си го враќаме. Нурни ја глата долу и нека капни. Какво врнење..ту ту скраја да е.

И ќе најдиш некоја мотика и ќе си копаш за најмизерна плата, неосигуран, со лажно име и презиме во случај на инспекција, али пред другите ќе велиш: „Нема срам од работа!“ Нема појак муабет. Дали со то се тешиме и ни е така полесно или скрос сме се изгубиле ко персони на оваа ни планета. Ни свет ни бакрачи се вртат околу нас и се појќе гледаме да преживејме, а за живеење не образоват филмојте, сериите, интернеКсо! Ќе нема лабаво и со кафици пиење на корзО и муабетО дека оваа година конечно ќе се замини странство… или можда не. А веќе ако се замини и нај „шит“ да е таму, ќе се части цела меана после враќање од туѓина и ќе се лај оти во странствО „одма“ шеф те клават кај и да си.

…И ништо не е сигурно. Ни како е, ни шо. Али едно е јасно. Од работа срам нема батуле! Е сеа ти види, која мотика појќе ти одговара!

GOLD
To Top