Новогодишни арчења без граници! (Ко санким нема утре!) - Шеталиште

Новости

Битолски трачарлуци

Новогодишни арчења без граници! (Ко санким нема утре!)

Да не бидиме секоАш хејтери и сурово реални, али сепак шо е наше да си кажиме. Предновогодишни забави и „глупости“, новогодишни први, втори и трети вечери. Ајде сега сите јако нашминкани, со маските на вас за после да ги извајте и со малку алкохол да се фатите на оро, да ги слечите челите и да офкате и врискате ко небаре последна вечер од животО да е.

Има јаки новогодишни понуди. И се рангираат. Се разбира има едни за богаташите и пуфкаџиите. Нова Година во странство, во Виена, Италија, Австралија и тако даље. Ѓаол и пол кркачи за да смрзнат на плоштад, али цел муабет е за ко ќе пијат кафе на корзо и ко ќе се фалат кај биле.

Втората класа би ја сместиле во оние кафанските понуди со некој динар за јадење и неограничено пиење. Тука се работи за укус човече. Има кафански глупiрања и глупирања во кафиќи. Мада шо не останаја кај нас такви. Свирки, пиенки, нови халљини. Дури не си ја отепаш душата и во глата билија не се сториш та утредента до пет сатО поручек да спиеш, исто ко да не си бил на славење. И третата понуда е за најотепаните кои се тешат со фактот оти кај и да се, ќе си поминат убо, оти битно било друштвото или муабети од типот дека Нова Година е една обична вечер и ја мразат. Има и искреност во тие некои, али рековНе, чест на исклучоците. И така овие последниве ќе одат на плоштадО кај сатО и ќе пијат биричиња во пластика. Ќе мрзнат по студо и ќе потскокнуват од петардите оздола. Да не се лажиме грото сме во третите, али пошо така е дојдено времето, ако треба кредит ќе се крени и за Нова Година ќе се фрлат сите пари само за така јако и безосетно да се накапи душата во алкохол и блуд.

Како и да е, да пулиме да прајме да ја средиме работата и да се очоечиме колку толку во Новата! Да пулиме да прајме да се засакаме, да не се глеаме на страна и себично меѓу нас. Оти се дури сами се нејќиме, нема поента да не сакат другите. Да не се караме за политики, и така не сакатија да не се досакатваме. Да наздравиме за добро, за љубов, здравје и искреност. Среќна да ви е најмили трачарски кабадајчиња и фраерчиња! И со ум, не мора на екс да пиете!

To Top