Новости

Битолски трачарлуци

Остаревме, та нити крепиме, нити не крепат појќе!

И ко ке видиш од една страна на шеснаЈсе години, глеаме да изгледаме како триесЕ, а тогаш па сè прајме за да не ни се познава оти толку сме остареле. Се само брзаме негде. Еднаш напред, друг пат назад. Во некоја трка и збрка, а за каде Господ знај.

Муабетот од типот:„То е чоек остаревме, не сме за по кафичи“ или „…Не крепиме појќе, стари коски!“, се неизбежна комуникација на поединци кои напрајле веќе триестина. Влегле во та фаза кај шо се новопечени родители, современи мамички и татковци, родители, работодавци. И се тоа ок, али зошто толку драма околку неизбежната старост? Демек не можи то тивко да си помини, ко шо си носи редО и животО? Морало кукање, жалење, бели влакна покривање… Ама зборО е, оти овие кукачиве, веројатно потсвесно и сакаат да остарат некако. Му се здосади „пубертетскиот “ живот, некако не можат сето тоа да го спречат и сега се убедени дека со муабетот оти „остаревме“, одеднаш се ќе се промени и типО-батулето или синката шо до вчера седел на шанко со виската, од утре чудесно мистериозно ќе се смири и ќе се предаде на посериозната страна на годинчината. Хммм, а кој кого лаже со ова?

…И ќе се стегат, ќе се прицкат во душичката, е дури еден ден не прсни сето тоа на виделина. Жените обично  на 8ми Март палат фитљите, а филмО на мажите можи и пука тро почесто. ‘Рже ‘рже не се држе и фрлај челите, фати се на тешкото, ох мори тешкото и пуцај као некад. На некои туѓи рамена.

Али сума сумарум, ако и покрај се, не се пронајдовте во оние „пубертетлии“ шо не знаат како да се скротат иако веќе ги надвјасале годинчината, а сепак едно утро се будите и гледате оќелавена коса, бели влакна, од пвоеќе брчки, истурен стомак, опадната и набрана кожа, сепак, гледајте на добрата и поведрата страна. Видот ви е прекрасен!

Evrotip
Евротип
To Top