Новости

Битолски трачарлуци

Оти нив да му е убо, а нас да не ни е!

А и многу арно, не е на арнo. И да си најдолу не чини, ама па и на врвот тешко му се погодва на многу Љуѓе.

Ете на пример од пауза од на работа, некој бизнисмен – Мен, (супермен шо да ти расправам со „Армани и Гордани“, со тешки скапотии од челина и парфемишта јаки) ќе си чачка во мобилката и ,,скрола” на тој андроидО угоре удолу на фајзбукО. И ко ќе види шо ќе види. Друштва распеани, расликани, в кафани испоседнати, оптегнати, џускат и се кикотат. Ќе го заскокотка фотката и ќе си се осети тро сам и „батaл“, малаксан од рaбота, па успат ќе мани едно селфи во новиО костум со пурата и виската. Не за друго, ами „оти да му е убо нив, а него да не му чини.“

…И ќе видат тие од меаната фотката, па ќе почни Миле на Трајче од истото друШво да му се жали:,,Го гледаш, јас за истата работа конкурирав, ама немав доволни врски. Кизнеј колку му е убо на батецо. Види го, со пури, со виски и скапи костуми!” Во меѓувреме на ,,Мено”(скратено нели од бизнисмено), ќе му дој тој шефо поглавнио и онака одважно и дрско ќе му се придери:,,Ај ако сакаш цигари бате купи ми”. А на сликата коска животО. Мириса вискито, копа парфемот, луксузот, париштата.

… И пак овие од другата страна. Некој извесен Стево од истото друштво, ќе си речи во умо:,,А мене само ко ќе ми текни колку ми се сметките за струја!”. Трајче до него шо седи,пие ракија и мака од љутото:,,Ко ќе ми текни колку му борџам на Стево, не мом в очи да му се опулам!” Жена му до него: ,,Шосторе ле ова Соња убав фустанО, ќизнеј колку плата зема!” Соња:,,Леле го накапив фустанот на комшивката, ами не се пери!” Комшивката до неа на маса:,,Шо прат ле овие Соња и Трајче од кај толку пари, ние цел живот на кредити живејме и пак фустани му позајмувам!”

И се така во круг, со мисли во умо неубај, незадоволства од животО и секогаш на другиО се нешто му е поубО! Ама, оти па нив да му е убо, а нас да не ни е!

GOLD
To Top