Новости

Битолски трачарлуци

Пази леџа, ќе те ЈАЈ бубата!

Саклдисвањата не застанват. Стресој на улица, до тебе, зад тебе и „пази леџа“ работата оти промајата не сакати.

 

Чурук карактери ќе запознаваме цел живот, ама дали ова нешто можело да застани некад?! Зборо ми е, дали сите карактери се слични и врз основа на тоа, тие се повторват, а грешките се само континуирани канализатори на монотони случувања и „душоболи“, доколку ние си дозволваме константно да се случват?

Дали сме сите јајце на јајце и дали ако еднаш се изгориш ќе знајш како?!

По се изглеа, никад. Ни било, ни ќе биди. Цел проблем во праењето на исти грешки во животО е нераспознавање на маските на Љугенцата, шо ти качат нож в плеќи, а ко ќе ги видиш низ корзо пак ти го прат муаебетО:,,Срцка, мрцка, прцка…” И се разбира:,,Мора да се видиме да прајме кафе”! Нема да се видите. Фала богу. Ни ти, ни тие сакат да се видите. Да можите очите ќе си ги ископате, али по не знам кој пат, кад је бал, нек је маскембал.

И знајме дека сме го допреле дното, само едно страшно, не интресира. Замислете си го светот во вистинско светло, без лицемерие и маски. Ништо нема да штима, оти ние учени си сме по потешкото. Ооох тоа тешкото!

Пази леџа, ќе те ЈАЈ бубата! Е од то да гледаш да се чуваш (не)пријателе!

To Top