Новости

Битолски трачарлуци

Пуфкарлуци или ќеф на душичката?

Moжи порано се праеше муабет колку поскапЕ млекото или лебО, али сега денешните современи „домачици“ појќе го терат муабетО за декорациите околу т.н. слатки маси за родендените на нивните разгалени слаткиши или неестите го празнат ќесето за декорациите околу нивните свадбени главни масички и осталом.

И да не го вртиме муабетО од околу, али шо се дешава со светО? Или нешто нас (на поединците истомисленици) нешто ни се дешава? Хммм дискутабилно, али во секој случај ти сто евреи кркачи (пази, хелоууу…минимуН) да си дајш за да ти клат балони, прскалки, чаши, дрн мрн мафини и слични декоративни елементи само за роденден на детето, шо останва за свадби или поголеми свечености. Свака час на декораторките и нивниот новопоечен бизнис кој салам завзема иси го ценат, ама оти сме кабадаи и со прст нејќиме да мрдниме, си сме и си го држиме стилО. А брао! Оти сме готовани и оти нашата „маса“ поуба треба да биди, ќе биди, па макар и незнам колку кредити неплатени да имаме.

 

А финтата не беше во креативноста? Готована, гламур или фејк богаташи се расфрлале со паришта и глумат мачомени, мегаломани и лажираат моќ пред нас „ситните“ душички. 

Како ни праеле нас родендени Господ знај. Како порано се праеле свадбите без толку помпезности, екстремности и ладила, да се чуди чоек. И ќе ги видиш нашминкани, наконтени, со мириси наливни и лажни оргинали, со торти на три, пет, шеС спрата, со ѕунѕурки и принцези. Им пласираат бајки, им раскажуваат за лесен живот. И не се тие криви оти се разгалени. Како да е крив малио шест годишен славеник, ко знај оти на мобилката има опција фотошоп и од убото поубо можи да си напрај. Е не е така лесно сине со фотоката реалност натаму, ама кој му има јавено!

Али атмосферата го дава шмекот, ама има нешто и во парите, или поточно во кабадајлукО! Ќејф на душата или пуфкрлук без граници!

GOLD
SN Finansii
To Top