Новости

Битолски трачарлуци

Се бара некој „рејнџер“ за мажење во странство!

Тера-вара не се живеело овде, немало ништо, па се барало момак за странсво.

..И така една малечка невеста „фром аур кантри“, едвај чека да дој летото да чапни некој фром туѓина, па така да си го среди животО. И се дешава една вечер, излегва малата со пасошо и наоѓа некое тазе „бјутифул“ гај фром извесна опШчина али живеј во Германија.

Ја фаќа момакО со финти и штосој и утредента му вика: „Ела мори да те прам нееста во Германија. Знајш каков живот ќе имаш! Мајка ќеф ќе стори ко ќе и кажам оти најдов женче од Стари крај.“ Се дума оваа цела искомплементирана, се сТрами, али се кандисва некако и фрла слика на фејзбук: „Going to Germany “. Се договараат ко шо е модата во работата, така и тука, да оди еднаш на „пробно“. Да види кај ќе ој, со кој ќе се врзи, дали има навистина „бием даблју“ момако, „пул во бекјардО“ и шо катара е мајка му и остало фамилија.

Али галено нашево малечко невевче, сонвало поинаку оти е странство, па заборајло оти свекрвата е иста та тука та таму. Битен и релевантен фактор при створување на нештото наречено брак во извесна Тумбузија! „Сега ти само мама ќе си ја слушаш“, рекол рејнџерО та ја спрегнале нашава да готви и чисти и пери и мие и спружва гаштите на „рејнџеро“ од Позитив шо го упознала.

Катиљ свекрвата, форбиден свиминг во пуло. Два чекори назад и пак дома… Со фичото од тате и пак со пасошо в раце на „секнд ченс“, оти од кај знајш, можи и галената ни малечка современа „селфи“принцезичка негде и нема да треба да ја слуша само „мама“!

 

СН Финансии
To Top