Новости

Битолски трачарлуци

Сите мажи во ист калап праени!

А ако прајме муабет за мажите пак, можиме да констатираме дека врти – сучи, све је бе братче во исти калап праено и клаено и напраено и нити ќе се отпрај. И жени, кон вас се алудира: „ Не! Нејќат тие баш романтики,  слики, спомени, срциња, мечиња, цвеќиња, зајчиња, свадби и други разно разни замарања. На прв поглед, тие не бараат од вас да му ја раскажите „Војна и мир“, него да не се лажиме, си барат така облинеста-срцкеста-га…еста. Значи сакаат или гради или задник. И не, нема трето! Не се тешете!“

Шо можи да го израдва еден маж? Хммм. Баш тешко да се кажи!!!

Пиво, фала богу. Или можи две пива. Или баш веќе, ако запнавме, гајба пиво. Батали ти интелегенција. И бате да не се лажиме, кај нас ги нема тие уметнички души – мажиња – каваљери и слични мускулести бациња шо ги фотошопират на „шитојте“ – филмојте амерички. Има само такозвани Боеми, али во различно здање.

Пример уметник (или боем) во кафана, уметник (или боем) во некој си влезен кафич со гоблени и… арт чоече. Та едните та другите држат пиво в раце. Ни, едниот, а ни другиот не можиш да го собериш од неговата света к’шта – меана, каде алкохолот царува со нивните мачомени инстинкти. И гр гр гр – преправајнци. Гр гр гр – политички муабети со нагласена деструктивна кочијашка основа. И грг грг гр – уметнички муабети за платата колку му е шо му е и како тие сакале да станат нешто во животО, али општетсвото и системот не ги сфаќа.

„Сите во исти калап.“ Не се мешај бадијала во муабет ЖeнОУ – женичке! Освен ако не си деколтирана, „напукана“, со сто кила шминка и нафурана за да ја прифатиш нивната игра, амааа… во хоризонтална положба. Се разбира после..гр гр гр – пивото!

Значи, кај мажите нема памтење датуми, нема годишнини, нема кинески фенк шуи глупости, нема тешки муабети од типО дали си го сакала или не. МажО (нарочито ова наше тро мускул, тро ракија детуле од ова балканско поднебје), не знај каква боја очи има женичката, женската, мувачицата синее…и нејќи ни да знај. Не се замара! Ок?

Попрво ќе оди фудбал да игра, него ли да те слуша умо да му гО мелиш за то како да сте ја декорирале спалната или кај да била крштевката. Не! Него не го интересира за сите тие церемонии околу „на тато мажето!“ Тој чека едноставно да потпорасни и заедно да бидат вистински мачомени и шо…? Да пијат шо! Грррр грр грррр…. Ахххх

Нарочито О жено мори Жено, „you stupid women“, се нервират ако му диктираш, ги малтретираш за да ти купат млеко, сирење, да го попрат шпорето или не дај Боже да треба да се пентерат и сијалицата да ја менват. Значи секој маж и најпедантеријата, ќе ти речи: Ај утре. И да тоа утре, секогаш е задутре, а тоа задутре се претвора во: – Стани и сама попрај си ја, ако толку знајш. А да не прајме муабет дека заради та пуста војска шо ја нема, појќето незнат ни сијалица да сменат. Шо е то фасонка бе?!

И то е. Ќе станиш и ќе си ја попрајш и нема да ти го клај стакленото чевле ако ти падни притоа алушаШ! И нема да му е пренајако ако се сликате пеесе пати за селфи, а нити пак ќе му значи нешто посбено тој прстенот или дека си напишала ти на ѕид „I said yes“.

И жено, оооууу жено мори, све је во исти калап, само ти дуј го задникот, кревај градите у вис, глеј да извајш некоја банка за в теретана и купвај секси долен веш и од тие новите гашти со емитација на задник во краен случај. Све остало је само илузија и твој проблем, оти и вие жените си знаете дека не знајте шо сакате. А кога го сакате? Сега и одма! Зошто? Појма си немате! И си немаме сите! То Е ! Гр гр гррррр…

Све ти е то во исти калап…

 

To Top