Уште една десетка со кромид и од Понеделник на диета! - Шеталиште

Новости

Битолски трачарлуци

Уште една десетка со кромид и од Понеделник на диета!

Дебели луѓе. Хм… Ништо против крмењето, и ние не си сме лоши, али денојве осетО слабо. Да се немало банка в џеб, али за кебапчиња стално се наоѓа по некој чакат и после ко ќе видиш фул меаните.

Уствари, да разграничиме, си имаме ,,дебели сиромаси” и ,,дебели богати”.

Фала богу нели, оние ,,дембелите” шо си држат ќешарац се оние ,,плишаните мечиња” на некоја фина и згодна кокона. Мрсни се, гнасни, одбивни. Плукат ко ќе зборат, се нервират и жарат или пак се излежават и мува не ги лази. (Само нив јахтата да му е во салам стање.) Обично ,,дебелите богаташи” можиш да ги видиш в кафана кај шо порачват скаришта „за на јаска“, (малце протеинчиНа), јадат помфрити, пици, макала, кромиди… Частат, се расприкажват, нив ќелнеро мора да ги служи ко улаф и да му прај ладила шесто за на крај пет денари бакшиш да му остат. И после дури ждригат и си ги бришат рацете од чаршафО на маса, пак му се понашат на персоналот во меаната, го малтретират, го трчат, (а со то се главни фаци се и У друштво), фрлат пари на музиката… Ја гушкат та коконата до нив дури се гледат во оние ,,дебелите сиромај” отстрана на другата маса откарши.

Овие пак другиве, се дуеле на секирации. Никако не можат да соберат пари за да го платат кредитот, али прва прилика в кафана се ѕвекнуват. И пијат биричиња и ждрикат и се пафтат покрај скарите по излети сликани со некои мајци бели на прерамки, засунчани со ракај. Овие вториве имаат исто некои ,,кокони” али втора класа со тро повисок конфекциски број и сукњи кои ги купват само за една сезона оти наредна не ги бери.

…И сите се сликаат, глумат као кулираат, едните од секирација и ко бајаги од ,,тироидната”, другите од убајни и јахтата. Со селфи по плажи, со сала истурени… И сталниО муабет:,,Од Понеделник на диета!” Али ко ќе видиш и не се до дебелината, има чунки нешто и во понашањето!

To Top