Црна хроника?! Може, изгоревме за пукање сеир! - Шеталиште

Новости

Битолски трачарлуци

Црна хроника?! Може, изгоревме за пукање сеир!

Доста интересен е моментот ко ќе се прај галама околу некои ступидни теми само за колку чоек да има муабет.Најинтересно околу моментите на пополнување на време или дај да помини денО ситуации, е обожавањето на ,,црната хроника” како тема, трач ексклузивитет на денот. Шо поцрно то поинтересно.

Значи муабети од типот кој умре, шо умре, кој се исколи, кај се деси собраќајка, се предозирал, се истепал со комшијата, пари од лихвари зел и го заклале, болен бил, цела фамилија психопати биле и се испоубиле во некое село без жители уствари, сната и свекрвата очи си извајле и толку многу небитни работи со кои се труе мозочето.Едвај ко да се чека (не дај Боже) некој да припадни од горештините в чаршија, на улица, на Широк Сокак, па да се викни брза помош, да има малку галама и раскажвање после то за ,,несреќниО” случај и колку биле сите испотресени. А сите изгорени за сеир.

Најјакиот момент е ко ќе се деси некоја собраќајка на улица. Сите слегват долу пред куќи и пред згради. Комшите по влечки ја објаснуват дешавката и изгорени се да бидат тие првите очевидци шо виделе. ,,Едниот идеше засилен ногу одозгора, а овој од десно ко му влезе, партали колата, јок!” И туку ќе ги видиш некои голи со бањарки, со футите, со папучите… Манџата нека гори, нека прегори дома, битно муабетО да се истепа:,,Леле мори Лиде шо ќе беше онај тресок, варев јајца, ко слушнав свеста ми се зеде!” Болно е, ама вистинито:,,Има жртви?” Ко со некоја извесна блесава ненаситна љубопитност се прашва. Полицијата и брзата помош во овие моменти се ,,најажурни” и онака кул си водат записник, си цртат, си „паковат“. Онака подмустак сe смешкат демек главни се во ова шоу, а кутрите од ништо шо не се дешава, нешто тро поголемо (,,Ци ес ај, ЕФ би ај” ..џр..мр…), за некоја најмизерна дешавка ќе дојдат со комбиња, со светлечки ефекти, коли, лисици, пиштоли…

Битен е сеирот и трачот, а очигледно не е важно за шо!

To Top