Новости

Битолски трачарлуци

Шо прајме со животО без работа?!

И трo настрана ако си зборниме од муабетот за изборите, бугарските пасоши, ајвар кој колку напрајл и дали поскапил бензинО или на пазар доматите, убо е чоек да размисли и за шо натаму прајме со животО?! Каде вака без работа и никакво искуство! Стаж и да не прајме муабет!

Како дојде времето поарно да имаш пари, него ли да немаш. М? Кикирикакара на Шеталиште со некој френд ќе маниш по некое каве, ќе го излигајш лајчето и ќе се истурка денО. Пак без работа. И шибаш нафуран некоаш дома оти константно ти трујат и те замарат поваму потаму:,,Како бе ти.. ваков чоек да не најдиш работа бе!” Или пак, ко на Ѓом те тешат:,,Еми то е, ко ќе си млад и имаш сила нема работа. Ко ќе остариш ќе најш, али тогаш ќе ја немаш та енергија!”

Шом прајме муабет за работа и барање на работа, стално сите нешто си се надеват оти ќе биди. Од то едно нешто ќе излезело друго, па од то трето и така наеднаш директориште ќе си се сторел. На интернет исто те трујат со некои глупи мотивациски видеа, ентузијастички говори:,,Верувај во соништата! Никогаш не застанувај на пола пат…” И дрн дрн јариња.

Од друга страна и ти таков целиО нафуран со позитивизам, верваш, се надеваш, абе шо ти Леонардо од ,,The Wolf  of wall street” . Наприцкан со надеж и едно ,,ќе биди” шо ти го мати умот, отвараш на нет страни, огласи за работа. Бараш. А таму само за в кафиќ барале и хигиеничари со Ногу убО и така суфистицирано образложение:,,Способност за работа под притисок!” Не бее! Начи ќе ти се дерат, ќе ти викат, плукат, гужва ќе има, сите работи ќе ти бидат тебе фрлени и во најголемите гужви ти треба само едноставно да го издржиш притисАкО! Сериозно?! Сериозни со муабетО?!

Али то е. Бараш работа, ти треба и одиш на интервју таму кај тој притисокот, али шо ти велат од старт:,,Искуство немаш, бараме помлади, ама ај ела едно две недели ПРОБНО!“ А секако ќе ти ја кажат и најубата позитивна работа шо ќе ти дај пак надеж:,, Сега за сега платата е толку, со можност за покачување!” То покачувањето пример, сто посто го нема, или пак можи да се деси ама за едно дестина години.

И не ти е криво оти те лажат, ама па и нив не му е криво оти знат оти не му верваш! И ќе ‘рмбаш ко коњ под притисок и за на крај некако да те избркат ќе ти го зголемат пририсокО, ќе те напрат магаре, ќе ти борчат и:,,Знам те разбирам оти плата ти треба и мене неубо ми e, вервај ме! Ама стрпи се уше тро. Издржи!” Е то да ти било пусти притисок. Aли пак ќе речи чоек, арен ни беше муабето за пиперките и ајварО!

 

Студирајте на БАС
To Top