Новости

Битолски трачарлуци

8ми Март – изгледа единствен ден на жената!

Ах женишта,жени женчиња! И одиме сега јако со чингерлака – чикица. И опет „the same story“. Кафански расположени цури, фустања, фризури, испотени мишки, ора и клипчиња што ќе здрмаат на деветти. Цел тој наводен раскош во тој „free day“, евидентиран и останат за „успомен и дуго сечање“. Затоа, внимавајте на однесувањето сите вие припаднички на посуптилниот пол што ве пуштаат од синдикатО на осмимартовска (стандардна шунд – фолкерска) забава.

Секако тоа не важи за оние со подлабок џеб кои се спружиле Дубаи (процентуално македонките оваа година таму ги празнеле џебоjте). Одиме сега јако со цвеќиња, каранфилчиња, зумбулчиња сликани на фејзбук. Од сите тие осмимартовски фотографии кои жените си ги подаруваат една на друга, секако дека се неизбежни и разголените тела на купишта фотосесии од мистери. Перверзии или цветни перверзии? Демек оправдано е сé на тој ден?! Невестите си ја отвараат душичката и вулгарните мислички испомешани во трендафили. Ма даааај!

„8ми март“ е единствениот ден каде сопругот ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да фолира дека постои љубов. Да ја гледа со искри во очите и да го купи обавезниот каранфил колку да се одбележи. Од деца не трујат со суптилни осмимартовски песнички. Приредбите се спремаат пола година. Трема да пука ако не се кажи точно стихотворбата од „четрсвтора“. Дома ќотек, кец во дневникот, неоправдан. Оти?! Оти учителката е жена и мора да е пицикато. У реду?! Притоа задолжително берење по стотка од секој ученик за да се купи некоја белегзија, огрлица, чанта. (Тогаш стотка. Сега по кузнеј колку дават кутри деца. Ѓаол и пол кркачи. А дома леб и ајвар да се срка.) Истата таа учителка, продавачка, адвокатка, инжињерка, шанкерка, келнерка, кој знаел од прво одделение дека ти одела вечерта на осмимартовски кичерај. На „after party“ која ветува разголен стриптизер – морон, тркало кој девеесе посто е геј и вистина ги разбира жените и трендафилите.

 

Како и да е, каде и да сте жени, женишта, женчиња, принцезички, глумици, кукли, убајни едни, убав провод, но не заборавајте на однесувањето. Затоа што сепак утредента е деветти, а после деветти е десетти, па единајсти, па дванајсти и така до крајот на годината ќе се нижат денови во кои не е оправдан каранфил – ефектот.

П.С. И без слеквање на штиклите на забавите, по меаните. Нека потера тро миризбата на каранфилот. Нека потрае ефектот. Среќен 8ми Март!

GOLD
GoldSlot
To Top