Новости

Битолски трачарлуци

Moдерните мамичка и татичко!

Значи да се разбериме титулата ,,мама и тато” не е мала работа и Богами ќе да и не ја заслужва секој.

Дека си е тешко, си е. Ногу промени, има. То си вклучва неспиење по цели ноќој, нагло слабеење, инстант менуваење на суратО во квазимодовско издAње, подочњаци, нервози, хаос и анархија во домот и душичката оти сега едно чоече ја презема целата одговорност и неодговорност и си прај ко шо си сака.

И се то ок, али кај се воспитноте мерки и најважно од се грижата?Ии шо се дешава со овие модените мамички и татковци? Си седнува госпожата и пие мартини, а детето… Нека го чуват келнерите пример во кафичО. Најбитно од се е та да си се види со пријателките и да си помини убО. Дали Нејзиното бебе ќе касни нешто в уста, ќе падни, ќе се сопни, ќе се расплачи или е гладно и не е толку битно. ,,Аман веќе на едно парче рајат излезе!”.

Пуфлојни од прв степен. Зела количка од 1000 евра, се стегнала во хеланки скоро и проѕирни и изиграва секси мама угоре удолу со детето. Успат ќе се нај некоја друга пуфица исто така со количка дете и хеланки шо не баш ја личат и ја карактеризираат како мамица.

 

Мамичката 1 ќе му кажва на мамичката 2 колку не е спана, не му јадело ништо бебето, ни кашички, ни ветришта ни ништо. Мамичката 2 во случајО ќе гледа уште појќе да се изжали и да си кажи колку око нема склопено. И цел муабет ќе си го прат онака лабаво и гласно, со наменски гестикулации за батецО шо ги шмека од в кафиЌ дири беблаците плачат, вриштат, а комотно можат и да си излезат од колички без овие да ги заприметат. Фала Богу на крај се прај неизбежно селфи со количките и „Келанките“.

 

Селфито фала Богу е башка приказна и е една од најинтересните играчки на модерните мамички. Во какви ситуации ги носат децата за та пуста слика да изгледа супер „пуфи кабадајски“, то чудо едно. Значи буквално детето во тие случаи е супер каскадер и можи да се слика поставено над регал, на дрво, на врвот на лизгалка, нестабилна лулашка и слично. Мажите во цело ова време се во кафани и најапсурдно полемизират некои политики и по третата ракија зборат за детулето колку му био слатко и шо праело (ако со очи и го немат видено баш), или пак гледат фудбал и имаат утакмица која не смее да се пропушти. ,,На тат к…е” е муабето за мажињата и форсирањето за агресивност и деструктивност е една од водечките улоги на модерниот татенце. (Само геј да не е) Тој ќе дојди и ќе си поигра еден сат, оставајќи впечаток на грижлив татичко. Малите принцези се девојчињата кои се пумпаат со тој муабет од малечки за после то да прераснат во екстра пуфи човечее.

Негрижа, грижа или преразгаленост? Татичко или мамичка?! Хммм

To Top