Новости

Шоубиз

Анета од групата „Молика“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2018?

Aнета од групата „Молика“ најверојатно догодина ќе ја претставува нашата земја на најголемиот евровизиски настан.

-Наредната 2018 година нашата Анета Мицевска Молика за прв пат ќе добие песна и ќе учевствува во изборот на песна за Евровизија, но не по секоја цена. Се разбира со проверен тим и преубава песна. Се надеваме дека тоа ќе се случи бидејќи ние веруваме премногу во нашата Анета, бидејќи тоа што таа го има од Бога подарено, многу мал број луѓе во светот го имаат. Сите вие знаете дека Анета нема нешто што не знае да отпее така да и на изборот за песна за Евровизија и доколку биде избрана да ја претставува Македонија на Евровизија ние тврдиме и сме сигурни дека Анета е таа која ќе ја претстави Македонија во право светло. Се надеваме на ваша подршка, стои во објавата од фејсбук страната на групата „Молика“.

Студирајте на БАС
To Top