Новости

Шоубиз

ВИДЕО: Како Принцот Хари ја запроси својата вереница Меган

Британскиот принц Хари и американската глумица Меган Маркле своите први свршенички фотографии ги направиле, како што принцот изјавил – на омиленото место на неговата мајка, принцезата Диана, во бавчата на Кенсингтонската палата.

Овој чин имал посебна емотивна симболика, а Хари на тој начин и оддал и’ почест на својата мајка.

Принцот Хари и Меган биле видливо расположени и трпеливо позирале и одговарале на прашања на новинарите. Хари, меѓу другото кажал, дека од првиот ден знаел дека Меган е онаа вистинската и дека е среќен што се жени.

Меган со насмевка го покажала својот свршенички прстен, кој го дизајнирал токму нејзиниот свршеник. И’ самиот прстен има посебна посвета за принцезата Диана.

Имено, принцот Хари го дизајнирал лично, а прстенот има два дијаманти од личната колекција на накит на принцезата Диана. Во средината има дијамант од Боцвана, земјата која за Хари има посебно значење и која ја посетил неколку пати.

Иако Хари не сакал да открие како ја запросил својата сакана, се верува дека тоа го направил летоска, токму на романтично патување во Боцвана на нејзиниот роденден. Наводно, тогаш наместо прстен и дал традиционална Зулу свршеничка нараквица со шара која симболизира брак и зедништво.
Хари прво морал да бара дозвола од својата баба, кралицата Елизабета II, која на двојката му го дала својот благослов.

Пред да ја запроси Мегн, Хари за дозвола ги прашал и нејзините родители кои се развеле кога глумицата имала шест години.

Хари и Меган, која зад себе веќе има еден брак (се развела во 2013. година) во врска се 16. месеци, а кога ќе се венчаат ќе живеат во Нотингем Кориџ на земја на Кенсингтонската палата, веднаш покрај војводата и војвотката од Кембриџ.

Двојката не прецизирала кога ќе се венчаат, но се претпоставува дека ќе почекаат Вилијам и Кејт да станат родители по трет пат, а тоа ќе се случи во април. Веројатно ќе имат и црквена венчавка бидејќи и од таа страна добиле благослов.

Доколу принцот Хари и Меган Маркле добијат деца тие нема да ги имаат титулите на принц или принцеза туку на лорд и лејди или војвода и војвотка.
Титулите во кралското семејство ги ограничил прадедото на Хари, кралот Џорџ V кој за тоа изнел проглас во 1917 година.

„…внуците на синовите на владетелската машка лоза, освен најстариот син на принцот од Велс, ќе ја уживаат титулата на војвода и војвотка“ пишува во прогласот.

Ова значи дека децата или внуци на актуелниот владетел не би смееле да ја добијат титулата на принц или принцеза, но можно е ова да се смени и кралицата Елизабета II повторно да направи исклучок како во случајот со децата на Вилијам и Кејт.

GOLD
To Top