Новости

Шоубиз

ВИДЕО: Тијана Дапчевиќ со акробации како Пинк во полуфиналето на ТЛЗП, Каролина горда на неа

Вчеравечер во Белград се одржа полуфиналето на регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“, а нашата претставничка Тијана влезе во финалето. Таа имаше задача да ја имитира Пинк и нејзиниот настап од доделувањето на музичките награди „Билборд“, кога ја пееше песната Just Like Fire.

„Летањето ми беше најтешко да го совладам“, напиша во порака за „Репортер“ Тијана.

Победник во полуфиналето беше Бане Видаковиќ. Тијана, пак, имаше најмногу поени од жирито во вкупниот резултат. Таа освои и најмногу гласови од публиката, која првпат гласаше со смс-пораки. Тијана како првопласирана влегува во финалето што ќе се одржи следната недела, 17 декември, а таму ќе повтори еден од нејзините најдобри настапи од целата сезона.

По настапот Каролина ѝ се обрати на македонски јазик:

„Драга моја, спектакл е мал збор за ова што ти го направи, сите знаеме колку си талентирана и ова е шоу каде цел твој раскошен талент доаѓа до израз. Јас сум навистина горда на тебе.“

Се разбира, таа ѝ додели 12 поени на нашата Тијана, како што самата ја нарече во еден миг.

Во финалето, покрај Тијана ќе настапат и Едита Арденовиќ, Стеван Анѓелковиќ, Леон и Драгана Миќаловиќ.

Кликнете тука за да го видите нејзиниот настап во улогата на Пинк.

 

 

To Top