Новости

Шоубиз

(Видео) „Облик на водата“ освои Оскар за најдобар филм

Eric McCandless/Getty Images

Феј Данавеј и Ворен Бити оваа година од прва го прочитаа името на најдобриот филм: „Облик на водата“ (Shape of water) на режисерот Гиљермо дел Торо, кој исто така доби оскар за најдобар режисер. Токму категоријата за најдобар филм беше најнеизвесна, а останатите награди на 90-то доделување на Оскарите помина без поголеми изненадувања.

„Облик на водата“ собра најмногу оскари, освен за филм доби оскар и за режија, сценографија и музика. „Денкерк“ освои три: за монтажа, звук и монтажа на звук.

Френсис Мекдорманд и Сем Роквел (Три билборди пред Ебинг во Мисури) ги освоија наградите за најдобра актерка и спореден актер, Гери Олдман (Најмрачниот час) го доби оскарот за најдобра машка улога, додека Алисон Џени (Јас, Тоња) доби награда за најдобра споредна женска улога.

После добивањето оскар за режија, Мексиканецот Дел Торо изјави:

-Јас сум имигрант, како Алфонсо Куарон и Алехандро Инариту, моите земјаци. Како Гаел, Салма и многу од вас. Најдоброто што го прави нашата индустрија е што ги брише границите во песокот. Треба тоа да продолжиме да го правиме кога цел свет ни вели да ги направиме подлабоки.

Во ноќта фокусирана на жените и на малцинствата, Френсис Мекдорманд после емоционалниот говор ги замоли сите номинирани жени да станат.

-Погледајте околу себе, дами и господа, затоа што имаме приказни да раскажеме и проекти на кои им треба поддршка. Немојте само вечер на забавите, викнете не во канцелариите за неколку дена, или дојдете вие кај нас, па ќе разговараме за се подетално.

Гери Олдман му се заблагодари на Винстон Черчил кој му бил „убаво друштво“ и со кој поминал неверојатно патување.

-Сакам да и се заблагодарам на мојата мајка која е постара од Оскарите, има 99 години. Ти благодарам мамо на љубовта и поддршката. И стави вода за чај, носам Оскар дома.

 Сем Роквел им се заблагодари на колегите и колегите кои го инспирираат, како и на своите родители.
-Кога имав осум години ме повикаа кај директорот и татко ми делуваше многу сериозно. Рече, мора да одиме, нешто и се случи на баба. Влеговме во автомобилот и прашав што и се случило. „Ништо, одиме на кино“, одговори. Љубовта кон филмот родителите ја пренесоа на мене и ви благодарам за тоа, мамо и тато.

Сите наградени

Најдобар филм
The Shape of Water

Режисер:
Guillermo del Toro, The Shape of Water

Актер
Gary Oldman, Darkest Hour

Актерка
Frances McDormand, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

Најдобра споредна машка улога
Sam Rockwell, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

Шминка
Darkest Hour

Коситимографија
Phantom Thread

Најдобар документарец
Icarus

Звучни ефекти
Dunkirk

Монтажа на звик:
Dunkirk

Најдобра продукција
The Shape of Water

Странски филм
A Fantastic Woman

Споредна женска улога
Allison Janney, I, Tonya

Краткометражен анимиран филм:
Dear Basketball

Најдобар анимиран филм:
Coco

Визуелни ефекти:
Blade Runner 2049

Сценарио:
Dunkirk

Краток документарен филм:
Heaven Is a Traffic Jam on the 405

Live action short
The Silent Child

Најдобро адаптирано сценарио:
Call Me by Your Name

Оригинално сценарио
Get Out

Кинематографија
Blade Runner 2049

Најдобар звук:
The Shape of Water

Најдобра песна:

Remember Me, Coco

GOLD
To Top