Новости

Шоубиз

(Видео) Уште една битолска пародија – „В кафана пијана“

Уште една битолска пародија на светски хит. Овој пат Какофонични битолчани ја обработија Хавана од Камила Кабело, а пародијата се вика „В кафана пијана“.

Битолчаните кои стојат зад пародиите велат дека првата пародија била направена како подарок за роденден на нивни другар, но дека не очекувале дека ќе направи толкав бум во Македонија. Затоа веднаш ја „скоцкаа“ и втората.

Текстот го пишуваат Мими Марковски, Никола Тргачевски – Кумба, Марија Станковска и Андријана Думевска. Во вториот спот дел од синхронизацијата беа и Марјан Ѓорѓиевски, Александар Котевски, Ана Костевска и Виолета Марковска. Вокалите ги пејат Марија и Андријана. За техничкиот дел се задолжени Мими и Кумбата, а снимани се во Гимел Студио.

Најавуваат уште една пародија, за која текстот е готов, песната е избрана, уште треба да се реализира.

GOLD
To Top