Новости

Шоубиз

Една година од смртта на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова

На денешен ден, пред една година, на 73-годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина кралицата на ромската музика, Есма Реџепова Теодосиевска.

Таа беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали  и манифестации низ светот. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот.  За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12 000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.

Да се потсетиме на нејзината музика и неповторливиот глас.

 

GOLD
To Top