Новости

Шоубиз

И официјално: Принцот Хари и Меган Маркл ќе прават свадба напролет

PHOTO: GETTY IMAGES

Палатата Кенсингтон објави соопштение утрово во кое на Твитер ја најави веста за свршувачката на принцот Хари.

“Неговото Кралско Височество Принцот од Велс е воодушевен да ја објави свршувачката на принцот Хари со г-ца Меган Маркл”, се вели во соопштението. “Свадбата ќе се одржи напролет 2018 година. Понатамошни детали за денот на венчавката ќе бидат објавени со теот на времето. ”

Според соопштението, Маркл и принцот Хари се свршиле во Лондон на почетокот на месецот. “Принцот Хари ја информираше Нејзиното Височество Кралицата и другите блиски членови на неговото семејство”, пишува во соопштението. “Принцот Хари, исто така, го побара и го доби благословот на родителите на г-ца Маркл.”

To Top