Новости

Шоубиз

Кои се најскапите родендени на славните низ светот?

Парис Хилтон

Ако некогаш на 21виот роденден, богатата наследничка на Холивуд, Парис Хилтон буквално фрлила по 75 000 долари на секој гостин за да присуствува на нејзиното повеќе дневно „пијано“ шоу, замислете што и се случило на 30тиот роденден.  Едноставно, жена како жена, малку од повеќе се вљубила во една убава „количка – автомобилче“ по што нејзиното драго момче Сиј Вејст морало да ја изненади. Така, на својот роденден, луксузен жолт Лексус ја чекал пред вратата, затоа што баш само тоа и фалеше. Охх кутрата ни таа…

20-тиот роденден на Линдзи Лохан
За нејзиниот 20-ти роденден, Линдзи Лохан баш убаво ги истретирала своите гости. Тие биле повикани на вечера што чинела 100.000 долари и истата била подготвена од готвач кој приготвувал само за славни личности. Вечерата се случила каде ако не, ами во приватна куќа во Малибу, а пријатели кои присуствувале на настанот биле Никол Ричи, Кејт Босворт, Кортни Лав и Овен Вилсон, кои и не звучат како најчудна група на луѓе што се собрала воопшто, нели? …Хмм, очигледно не знаат што е чудно штом не сме добиле покана. Малку подоцна, по една деценија, поразумно и прибрано, Линдзи е фатена од папараците како крши садови на бузуки во Грција. Не е се до парите.

 

60тиот роденден на Филип Грин

За својот 60-ти роденденФилип Грин, сопственикот на “Топшоп”, собрал еден куп познати фаци и ги однел во ексклузивен ресорт во Мексико. Меѓу гостите биле Кејт Хадсон, Леонардо ди Каприо, Наоми Кембел и нејзиниот дечко, Рони Вуд, Гвинет Палтроу, Кејт Мос… Сите тие одлично се забавувале, а и како да не се забавуваат штом сето тоа задоволство се вели дек чинело над 10 милиони фунти. Енормно одвратни сметки и само ако не му оставил бакшиш на келнерот. Негвите гости биле приморани да носат униформа на која ги пишувало иницијалите на Филип и бројката 60, односно годините кои ги славел. Па и на толку пари, замислете да ви дадат поммало бројче маичка?

30-тиот роденден на Ким Кардашијан
Екстравагантен момент кој според неа било премногу и можеби сувишен, ама ајде сепак се случил. На нејзниот 30ти роденден, Ким дувала свекички на торта од 1 милион долари. Истата била направена од дијаманти, а пак на Ким и било многу тешко. Наше искрено сочусто за направената „ненамерна“ грешка.

 

 

 

 

Evrotip
Евротип
To Top