Новости

Шоубиз

Колку ќе чини венчавката на принцот Хари и Меган Маркл?

Венчавката на принцот Хари и актерката Меган Маркл, што ќе се одржи на 19 мај во капелата Св. Џорџ, ќе чини половина милион фунти, пренесоа медиумите.

На свеченоста ќе има околу 600 гости, а на прославата околу 300 одбрани затоа што младите сакаат поинтимна свадба.

Познато е дека кралското семејство ќе ги финансира трошоците за венчавката па и тие за музика, цвеќе и самиот прием на гостите, додека Меган сама ќе ја плати венчаницата.

Внукот на кралицата Елизабета и американската актерка ќе се венчаат во дворецот Виндзор.

Студирајте на БАС
To Top