Новости

Шоубиз

Меган Маркл ќе плати дел од трошоците за кралската венчавка

Кралските свадбени подготовки и трачеви околу Меган Маркл и принцот Хари се главна тема во светските медиуми месеци наназад, а британските медиуми наводно дознале и колку сето тоа ќе чини.

Имено, порталот „Брајдс” земајќи ги предвид послугата, музиката, обезбедувањето, украсувањето и сите други елементи, „пресмета“ дека за церемонијата кралското семејство ќе потроши половина милион фунти.

Венчавката е закажана за 19 мај и ќе се одржи во црквата Сент Џорџ во дворецот Виндзор во Лондон. На свеченоста се очекува да има околу 600 гости, а на самата прослава двојно помалку – 300.

Иако се уште „се лицитира“ и со името на дизајнерот на венчаницата, веќе се знае дека Маркл самата ќе си го плати свечениот фустан, токму како што стори и Кејт Мидлтон.

GOLD
To Top