Новости

ЕВРОТИП Банер
Шоубиз

Ти си цела шминка и тежиш ко Лада од бижутерија – нов видео спот на Паљачот

Петто видео од соло проектот на Паљачот,, „Паљач и Дисторзија“. Бранко Шпољариќ – Паљач кој веќе подолг период живее во САД, продолжува со музичката активност. Минатата недела на својот Јутјуб канал го промовираше најновиот видео спот за песната која датира од 2007 година, „Чекај бе чекај“(да те почешам).  Како што не информира Паљачот, видеоспотот е сниман на неколку бродови: „ЕNCHANTMENT of the SEAS“ – ( RoyalCaribbean), „Nassay“ – (Bahamas), „Biscane Beach“ – (Miami-Florida), „Carnival Glory“, (CarnivalCruises).

„Песната датира од 2007 година и ја опишува домашната улична модна писта, сите оние стегнати распукани пантолончиња, стегнати маици што светат како ламарина, играње на шипка, тони шминка и бижутерија, едноличен кич,“ вели за Шеталиште, Паљачот.

Песната е снимана во студиото „Фушрекордс“ Битола на Сашо Паркет, а музиката и текстот се на Бранко Шпољариќ – Паљачот.

 

Karmen
To Top