Новости

Шоубиз

Откажан концертот на Rag`n`Bone Man во Скопје

Концертот на американскиот пејач Rag`n`Bone Man, кој беше закажан за 11 мај во ВИП-арената „Борис Трајковски“, е откажан поради технички причини, соопшти организаторот продукцијата „Авалон“.

Од технички причини, менаџментот на Rag`n`Bone Man ги откажа сите негови концерти во овој дел на Европа, вклучувајќи ги градовите: Белград, Загреб, Софија, Скопје, Солун, Будимпешта и Истанбул. Сите оние што имаат купено влезници за концертот на Rag`n`Bone Man, ќе можат да направат поврат на средствата онаму каде што ги имаат набавено, соопштија од „Авалон“.

 

СН Финансии
To Top