Новости

Шоубиз

Познатиот американски режисер доживеа тежок срцев удар: „Би ми недостигал мојот живот, но вкупно гледано би било добро и со ваков крај“

Познатиот американски режисер, актер, писател и говорник, Кевин Смит (47) (Трговци, Бркајќи ја Ејми, Догма – најпознат како Тивкиот Боб) објави на својот Фејсбук профил во неделата дека доживеал тежок срцев удар помеѓу двa настапи во Глендејл, Калифорнија. Смит напишал дека неговиот лекар, откако му го спасил животот, му кажал дека една од артериите на левата страна била целосно блокирана.

„Се обидов да направам одличен настап (во неделата вечер), но се чини дека отидов премногу далеку”, рече Смит. „По првиот настап, се чувствував лошо. Повраќав малку, но тоа не помогна. Набрзо после тоа почнав да се потам и градите ми станаа тешки. Излезе дека претрпев тежок срцев удар.”

Смит изјави дека му било кажано дека сигурно ќе умрел ако не го откажеше вториот настап.

„За сега, јас сум се уште над земјата!”- додаде Смит, кој ја искористи оваа прилика да нагласи дека тој се соочил со својот најголем страв таа вечер. “Додека ме сечеа за стентот, бев смирен, живеев добар живот и сфатив дека сум среќен. Да, би ми недостигал мојот живот, но вкупно гледано би бил ОК и со ваков крај”.

Во неделата, на 25 февруари, Смит требаше да сними два настапи во театарот “Алекс” во Глендејл, Калифорнија. Вториот настап по хоспитализацијата на Смит беше откажан.

Evrotip
Евротип
To Top