Новости

Шоубиз

После 20 години брак се разведуваат Вил Смит и Џада Пинкет

Актерите Вил Смит и Џада Пинкет „повторнос е разведуваат“. Како што пишува порталот „Radar online”, парот веќе неколку месеци не живее на иста адреса.

Нивната приказна за разводот датира од 2015 година кога е прв пат објавено дека заради неговите излети во бракот нема да продолжат да живеат заедно.

Парот, и покрај тоа, обележа 20-годишнина од бракот, а на на заедничките појавувања не укажуваа дека нешто меѓу нив не штима. Дури остро реагираа и ги демантираа наводите на медиумите.

Но, иако не ги пратат скандали, тие се од оние сопружници кои живеат во „отворен брак“. Тоа во пракса значи дека се гледаат и сод руги, а за тоа не кријат.

Ова на некој начин го потврди и саата Џада, за време на гостувањето кај Опра.

– Вил може да биде со друга жена, сé додека тој може да се погледне себеси в очи. Тој има слобода да прави што сака. Јас не сум ничиј чувар. Не сум ни негов. Тој е возрасен човек и јас му верувам.

Џада секогаш зборуваше со суперлативи за нивниот заеднички живот, а за сексуалниот живот знаеше да откре и сочни детали.

– Тајната на нашиот брак е во спалната соба. Сакам да се облекувам, преслекувам во јавност, замислете каква сум во спалната соба, рече Џада.

Пишувањето на медиумите двојката го негираше и овојпат, што е веќе вообичаена практика позната кога познатите се обидуваат да сокријат нешто.

Ако се случи развод, брачната двојка треба да го дели имотот проценет на вртоглави 270 милиони долари.

 

 

To Top