Новости

Шоубиз

Почина Долорес О’Риордан, пејачката на „Кренберис“

Ирската пејачка и вокал на групата „Кренберис“, Долорес О’Риордан, почина денеска во Лондон ненадејно. Имаше 46 години.

Во соопштението од нејзините публицисти стои дека О’Риордан била во Лондон заедно со бендот на кратко снимање и дека засега нема други детали за причината за нејзината смрт.

„Кренберис“ беше една од најпопуларните групи во деведесетите години од минатиот век со продадени над 40 милиони албуми низ светот. Бендот беше формиран во 1989 година.

О’Риордан беше препознатлива по својот вокал, а едни од најуспешните песни им се „Zombie“, „Linger“ и „Dreams“.

 

 

GOLD
SN Finansii
To Top