Новости

Шоубиз

Принцот Хари на концерт со неговата бивша девојка!

Сеуште не се официјално во брак, а веќе почнаа приказни околу веродостојноста на нивната љубов.

Дали ќе станува збор за шпекулации или вистини за можни афери или заблуди, ќе видиме во иднина. Но едно е сигурно, цело внимание на светот некако како да се заврти околу принцот и неговата свршеница.

Но, секако дека приказната не би била доволно сочна, доколку не е малку пикантно зачинета.

Неодамна принцот Хари присуствуваше на концерт без неговата свршеница. Изгледа дека приликата ја искористила неговата бивша девојка (инаку театарска ѕвезда) и се појавила на настанот. Зошто баш сега кога тој беше сам не би можеле да знаеме, но наше си е да претпоставиме нели?!

Инаку на денот на свршувачката на принцот со Меган Маркл, Таа на својот Инстаграм профил ставила слика со следниот натпис: „Без оглед на тоа колку сте образовани, талентирани, богати или не, најважното е каков ќе биде третманот кон луѓето на крајот”. Дали станува можеби збор за скршено срце од страна на „големиот“ принц и дали треба можеби да сочувствуваме со бившата девојка, можеби  ни одговара фотографијата на која двајца вљубени се крлаат, а девојката подава рака кон партнерот, но тој изгледа некако индиферентно..

Двегодишната врска на принцот и 28-годишната театарска ѕвезда траеше две години се до 2014 кога и покрај најавувањата на свршувачка, парот се раздели и официјално ја прекина нивната романса.

А што навистина се случило и дали воопшто се случило на концертот, во Вторникот вечерта, според снимките не можеме да откриеме. Но, дали има нешто позадинско и скриено, му оставаме да ни открие времето, а до најпосле и нашата имагинација.

 

 

To Top