Новости

Шоубиз

Џенифер Анистон објави дека се разведува

Getty Images

После две и пол години брак, се разведуваат актерите Џенифер Анистон и Џастин Теру. Тие се верија во 2012 година, а се вемчаа во 2015-та година. Во соопштението до јавноста велат дека и натаму ќе го задржат меѓусебното почитување и ќе останат во добри пријателски односи.

– Одлуката е взаемна и постигната со многу љубов кон крајот на минатата година. Ние сме двајца прекрасни пријатели, кои решија да се разделат како двојка, но сакаме да го продолжиме своето пријателство, се вели во заедничкото соопштение на Анистон и Теру.

Џенифер Анистон се прослави со улогата на Рејчел во хит хумористичната серија „Пријатели” и со настапите во бројни други романтични комедии. Џастин Теру настапи во филмовите „Пороците на Мајами”, „Мулхоланд Драјв”, како и во серијата „Преостанати”.

Сево ова се случува неколку месеци по разводот на поранешниот сопруг на Анистон, Бред Пит со Анџелина Џоли.

GOLD
To Top