Новости

Шоубиз

Снаата на Трамп во болница поради писмо со непозната супстанција

Инцидент со снаата на американскиот претседател Доналд Трамп. Таа беше примена итно во болница откако отворила плик кој содржи бел прашок.

Писмото било упатено до најстариот син на Доналд Трамп, нејзиниот сопруг. Тоа беше примено во семејниот стан во Менхетен, Њујорк, пренесоа локалните медиуми.

Полицијата соопшти дека супстанцијата не била опасна, а Венеса Трамп и две други лица биле хоспитализирани.

Сепак, пожарникарите, полициските службеници и специјализираните тимови веднаш пристигнале.

Тајната служба го испитува инцидентот.

GOLD
To Top