Новости

Шоубиз

Убедливо најлошите модни стајлинзи на MTV EMA 2017

Настанот на MTV EMA 2017 беше преполн со гламурот на славните светски музички и телевизиски ѕвезди. Но, како и секогаш, штом станува збор за модата, се подразбира дека овој е најдобриот момент за тие да ја искористат оваа прилика и да направат лоша или добра реклама за себе си. Како и да е, и во двата случаи неколкумина привлекоа внимание, а еве ја и листата од најлошо облечените.

Еден од најнеобичните стајлинзи кој изненади на оваа манифестација беше долгата бела бањарка на Рита Ора. 26 годишната изведувачка дури ги отскри и нејзините бели гакички. Со замотаната крпа околу главата како штотку да излегла од топла бања можеби Рита сакала да ја покажи слободоумноста на облекувањето и опуштениот стил.

Но, како и да е, сето ова можеби беше премногу опуштено, па нејзиниот „аутфит“ беше добар повод за лоша критика од страна на модните критичари.

Деми Лавото исто така се истакна со лоша комбиницаија и модна утка која предизвика бројни критики.

Нејзиниот широк „пепито“ костум, изгледа дека премногу и се допаднал што ја нетерал да го заборави нејзиниот градник.

Со модна утка се покажа и Вики Патисон, но очигледно за жал не по нејзина вина.

Светликавото фустанче, можеби би било многу подобро доколку би било поубаво прекроено, а не толку „исечено или искасапено“ разголувајќи ја во грбот и во нозете.

Долгиот загасито розов фустан на Шарлот Крозби некаде го оценија и како успешен погодок, но на многу листи се најде и како модна утка, поради материалот кој премногу отворено ги истакнува облините.

Зара Ларсон беше уште еден кандидат кој се појави на листата на најлошо облечени на МТВ ЕМА 2017. За овој модел можеби и не мора многу да се зборува, доволна е фотографијата од пренагласената тантела над градите и траперките заокружени со пинк Конверс патики. Ужасно и кич.

Убедливо најлошо облечен од мажите беше Лиам Пејн, англискиот пејач на One Direction. За неговите припиени фармерки и портокаловата стреч јакна, многумина искоментираа дека тој повеќе личел дека треба да стапне на некој вселенски брод отколку над црвениот тепих.

Karmen
To Top