Новости

Шоубиз

(Фото) „Тото“ во Скопје приредија вистинска рокенрол забава

Фото: Агим Џело

Еден од најголемите американски бендови на сите времиња,„Тото“ вчера одржа незаборавен концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тие за прв пат настапија во Македонија, а концерот е дел од јубилејната турнеја по повод 40 години од нивното постоење.

Фото: Агим Џело

Повеќе од два часа во ВИП Арената ечеа големите хитови како „Rosanna“, „Hold the line“, „Lovers in the Night“… безвременската „Afrika“, но и познатата „While my guitar gently weeps“ од „Битлси“, а публиката пееше заедно со нив.

Фото: Агим Џело

За родоначалниците на стадионскиот рок ова ќе биде 23 турнеја и 14-ти по ред студиски албум, после низа мултиплатинести плочи продадени во преку 35 милиони примероци. Хитовите како што се „Росана“, „Африка“, „Холд д’лајн“ и уште многу други им донесоа многу музички признанија и пет Греми награди.

Фото: Агим Џело

Познати по своите врвни свирачки достигнувања, „Тото“ е бенд кој светската музичка јавност го третира како еден од најдобрите во музичката индустрија, а членовите ги карактеризира како „Кралеви на живата свирка“.

Фото: Агим Џело

 

GOLD
To Top