Новости

Шоубиз

Што се случува со изгледот на Блејк Лајвли?

Блејк Лајвли моментално е можеби една од најпознатите модни имиња и икони на Холивудската сцена. Таа секогаш изненадувала со нејзиниот екстравагантен и гламурозен стил, но што се случува овој пат?

Познатата актерка и една од најголеимите модни инспирации за многу девојки низ светот, овој пат ќе изненади со нејзиниот аутфит во најновиот филм „The Rhythm Section“.

Неуредна перика, широка гардероба, и подочници се заприметуваат од фотографиите сликани на сетот од снимањето на најновиот филм на Лајвли.

Специјалните ефекти го доловуваат новиот лик кој ќе го толкува познатата актерка, а според, навидум, изгледот на исцрпеност и истоштеност, од нас, таа веќе ја има доловено и совладано најновата улога за која претпоставуваме дека вложила многу труд. А судејќи по нејзиниот изглед, можеби и повеќе од колку што треба.

To Top