Новости

Шоубиз

GIPSY KINGS со новогодишен Greatest hits концерт во Скопје!

На 22 декември во рамките на второтоиздание на АLL YOU NEED IS LOVE евентот, предновогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светскиатракции GIPSY KINGS. Актуелната формација на бендот, предводена од Paco & Mickael Baliardo доаѓаат во Скопје со Greatest hits сет, директно да влијаат на предновогодишната атмосфера во Скопје, како финално шоу на Авалон продукција за оваа 2017 година.

Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, GIPSY KINGS станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови.

Во текот на речиси три децениската кариера, GIPSY KINGS имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Manitas de Plata, чие вистинско име е Ricardo Baliardo, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња. 

После шест номинации за Греми наградите, GIPSY KINGS во 2014 година конечно се закитија со ова престижно признание, и тоа за најдобар албум со наслов „Savor flamenco

Специјални гости на овој концерт ќе бидат нашите познати групи „Баклава“ и „Чалгија Саунд Систем“.

GOLD
To Top