Новости

Занимливости

„Ако немате леб, јадете колачи“ – контраверзната француска владетелка Марија Антоанета со совети за убавина кои се актуелни и во 21 век

“Ако немате леб, јадете колачи”, била или можеби не била познатата реплика кажана од контроверзната француска владетелка Марија Антоанета.

Како и да е, нејзиното име се уште е синоним за луксуз, убавина и елеганција.

Затоа, би ви ги препорачале нејзините модни совети за убавината и правилата на однесување, а кои се подеднакво актуелни дури и сега, во 21 век.

1.Шминката открива тајни

Француската аристократија од 18 век уживала во луксуз и изобилство; нивните замоци биле воодушевувачки. Облеката била брилијантна и скапа, а шминката беше многу впечатлива.

Членовите на високото француско општество го шминкале лицето во бело, ставале кармин на усните и образите, а жените  ја истакнувале младоста на начин што го шминкале своето лице со помош на сенки и руж во форма на срце, ѕвезда или месечина. Секое исцртување на лицето, според одредените сенки, имало посебно значење, па ако жената имала нацртано срце на лицето, тоа веќе било јасен знак дека таа е зафатена, додека облиците од сенки над јаболчниците кои се доближувале до нејзините очи значеле дека таа има скришни фантазии и желби. Антоанета, сепак, била најпозната по тоа што цртала бенка близу до усните, што значело дека конкретно таа сакала бакнеж.

2. Никогаш не напуштај го домот без парфем

Бидејќи во тоа време во Версај, немало тоалети во целата палата, за време на владеењето на Марија Антоанета, целиот замок стагнирал од непријатните миризби. За да ги задржи нејзините комори свежи и миризливи, Антоанета барала спалната соба да се полни секој ден со свежо цвеќе и миризливи ливчиња.

Се вели дека уживала во поголемиот дел од мирисот на роза, јасмин и тубероза, додека нејзиниот омилен бил портокаловиот цвет. Дамата беше толку полудена со цветен мирис што дури и за време на нејзиниот престој во занданата додека чекала за јавно извршување на егзекуцијата, таа со неа имала шишенце парфем создаден само за неа од страна на познатиот француски парфимеер Жан-Луј Фаржеон.

3. Бањата со убава купка, ослободува од стресот

Иако е точно дека за време на француската монархија редовното капење не било толку често, Марија Антоанета изгледа дека често го минувала своето време во бањата од нејзиниот оддел каде што поминувала часови во спиење и уживала во релаксирачките бањи. Историчарите тврдат дека најчесто нејзината бања била „зачинета“ ореви, ленено семиња и бадеми. Нив ги нанесувала на кожата и на тој начин правела пилинг.

4. Грижете се за вашата коса

Низ историјата Марија Атоанета ја знаеме со огромна бела перика на главата, но најпознатата владетелка што упорно предизвикувала со нејзините бенки нацртани околу усните, всушност имала убава долга коса со плави и портокалови локни. Антоанета применувала хидратантни маски за коса направени од ѓумбир.

Во тоа време, во тој луксуз… Кога ништо не се знаело и не било можеби доволно откриено, оваа позната муза успевала да посвети внимание за нејзината убавина и станува репер и поставен знак прашалник колку од нас го имаме тоа време да направеме од ништо нешто и да уживаме во убавината. 

GOLD
To Top