Новости

Занимливости

Археолозите во Египет пронашле „порака од задгробниот живот“

Египетското министерство за антиквитети минатата недела соопшти дека во близина на градот Миња, јужно од Кијара е откриена древна некропола. Научниците соопштија дека се пронајдени околу 1000 статуи и 40 саркофази кои потекнуваат од времето помеѓу 664 и 332 година од пред новата ера и дека истражувањето ќе трае барем уште пет години.

Мустафа Вазир, водечкиот археолог вели дека голем број артефакти се посветени на египетската божица Теут. Пронајдени се и 4 садови со локовите на честирите сина на египетскиот бог Хорус.

-Се уште содржат мумифицирани внатрешни органи на починати. Украсени се со хиероглифи кои го откриваат името на нивните сопственици, рекол Вазир.

Она што е најинтерсно е дека на Нова Година е пронајден ѓердан на кој со хиероглифи е испишано: „Среќна Нова Година“.

-Оваа порака ни е пратена од задгробниот живот, рекол Вазир.

Меѓу најскорешните откритија се наоѓа и гробница на член на древната кралска палата, кој е погребан пред повеќе од 4000 години.

Evrotip
Евротип
To Top