Новости

Занимливости

Астроном аматер пронашол сателит на NASA изгубен повеќе од 10 години

Астроном аматер пронашол стар сателит на NASA за кој се верувало дека е уништен, а научниците сега се во процес повторно да воспостават контакт со него.

Скот Тили барал сигнали од мистериозната мисија Зума, лансирана на SpaceX ракетата. Но, потоа во блог пост опишал како наместо тоа, открил сигнали од $150 милионскиот сателит IMAGE ( Imager for Magnetopause-to-Aurora Global Exploration)

IMAGE бил лансиран од NASA на 25 март 2000 за преку него да се изучува каква интеракција има Земјината магнетосфера со соларните ветришта. Во декември 2005-та, пак, леталото престанало да комуницира и се сметало дека е изгубено.

Периодично, тоа се рестартира и неговиот комуникациски систем автоматски се вклучува, што се случило токму сега кога Тили открил дека тоа сè уште испраќа сигнали.

Леталото лета во висока еклиптична орбита на височина од околу 46 000 километри над Земјата, а потоа се спушта на 1000 километри, во процес кој се комплетира еднаш на секои 14 часа.

NASA моментално сè уште се обидува да воспостави контакт со леталото, што уште не се знае дали ќе биде возможно.

 

GOLD
To Top