Новости

Занимливости

Берлускони до новинарка: Не се ракувај толку силно, никој нема да те побара за жена

Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер и претендент за нов мандат на парламентарните избори, откако се ракуваше со новинарка на Би-би-си и рече дека никој нема да ја земе за жена ако се ракува толку силно. На видеото што го објави Би-би-си се гледа дека по ракувањето, Берлускони ѝ дава совет на новинарката.

-Не се ракувај така. Многу е силно. Во спротивно мажите ќе помислат: „Ќе ме натепа“, па никој нема да сака да те побара за жена. Мажена ли си? Ќе видиш. Биди внимателна“, рече Берлускони.

Новинарката му рече: „Мислев дека силното ракување е добро“, на што Берлускони и рече дека се шегува.

-Се шегувам. Мора да се пошегувате понекогаш, и рече Берлускони на новинарката.

 

 

GOLD
GoldSlot
To Top