Новости

Занимливости

Биолози проценија колку би опстанал животот на Марс

Марс и не е баш пријателска околина за живеење. Просечната температура на неговата површина е -63°C, а може да достигне и до -143°C за време на зимата во поларните региони.

Атмосферскиот притисок е околу половина од еден процент од оној на Земјата, а неговата површина е изложена на голема радијација.

Досега, никој не бил сигурен дали микроорганизмите би можеле да преживеат во оваа екстремна околина. Сепак, благодарение на студија од тим истражувачи од LMSU имаме некаква претстава колку тие можат да издржат.

Истражувачкиот тим за потребите на студијата претпоставил дека температурите и притисокот нема да се олеснителни фактори, туку дека тоа ќе биде радијацијата. Со такви претпоставки, биле извршени тестови каде микробските заедници биле озрачени во симулиран марсовски реголит. Реголитот се состоел од седиментни карпи кои содржеле лед и кои биле подложени на ниски температури и ниски притисоци.

Резултатите покажале дека овие заедници имале голема отпорност кон температурните промени, како и кон  притисокот во симулираното марсовско опкружување и  преживувале многу повеќе отколку што порано се сметало.

Според добиените податоци, може да се претпостави дека хипотетичкиот марсовски екосистем би можел да е конзервиран во анабиотска состојба на површинскиот слој на реголитите (заштитен од УВ зраците) најмалку 1.2 милиони години, на длабочина од 2 метри не помалку од 3.3 милиони години, а на длабочина од 5 метри најмалку 20 милиони години.

Овие информации ќе бидат од исклучително значење за идните мисии кон Марс и други локации во Сончевиот систем.

Студирајте на БАС
To Top