Новости

Занимливости

(Видео) Патувал со авион заедно со сопругата, одеднаш на разглас го слушнал своето име

„Овде вашиот пилот, ги молам Дејвид и Одри Роуз да обрнат внимание. Овој пар успеа да прошверцува дополнителен патник во авионот“, се слушна гласот на пилотот.

Брачниот пар Одри и Дејвид Роуз патувале со авион од Флорида до Колорадо кога таа му открила дека е бремена. Не сакала на обичен начин да му ја соопшти оваа вест на сопругот, па затоа го замолила екипажот да и помогне во изненадувањето.

 

-Овде вашиот пилот, ги молам Дејвид и Одри Роуз да обрнат внимание. Овој пар успеа да прошверцува дополнителен патник во авионот. Имено, Одри неодамна дозна дека е бремена. На парот му ја честитаме приновата, се слушна од разгласот.
Веста Дејвид го остави збунет, додека останатите патници воодушевено викале.
-Чекај, што? – повторувал идниот татко.
-Господине Роуз, сега кога ја слушнавте веста, боцата со кислород ви е при рака – додал пилотот.
Погледајте го видеото:

 

GOLD
SN Finansii
To Top