Новости

Занимливости

Две вежби за дишење кои ќе ви помогнат да заспиете веднаш

Некогаш се случува и по топла бања и вистинско релаксирање во темница едноставно да не можеме да му се препуштиме на сонот.

2-vezbi-za-disenje-koi-ke-vi-pomognat-da-zaspiete-ko-bajce-2.jpg

Токму во тие моменти како нашиот мозок да прави анализа на сите минати и идни настани, па без разлика на фактот колку се чувствуваме исцрпени, само бледо гледаме во таванот и не можеме да заспиеме.

Специјалистот за дишење Ешли Нис верува дека начинот на кој што дишеме има директно влијание со самото заспивање.

Таа наведува дека самиот процес на дишење има потенцијал да го намали стресот, но и нивото на кортизол во организмот, а истовремено да поттикне природни реакции на релаксација на нашето тело.

2-vezbi-za-disenje-koi-ke-vi-pomognat-da-zaspiete-ko-bajce-3.jpg

Сепак ваквите придобивки се резултат на правилно дишење. Многумина од нас не се свесни дека најголемиот дел од времето дишат низ уста, наместо низ нос.

Ешли смета дека потребно е континуирано да се потенцира ефикасноста на дишењето преку нос. Впрочем, таа нагласува дека ваквиот начин на дишење ја зголемува циркулацијата, ја намалува анксиозноста, го подобрува здравјето на белите дробови и ја зголемува функцијата на мозоко,т како и емоционалната интелигенција.

2-vezbi-za-disenje-koi-ke-vi-pomognat-da-zaspiete-ko-bajce-4.jpg

Како голем поборник за побавно и подлабоко дишење во текот на ноќта, Ешли потенцира дека правилното дишење во моментот кога не можете да заспиете претставува клучот за подобар ноќен одмор.

Па, немате што да изгубите, доколку имате проблем со несоницата, погледнете кои се двете едноставни техники за дишење на Нис:

ВЕЖБА 1: Продолжено издишување

– Ставете ја раката на стомакот

– Вдишувајте и издишувајте низ нос

– За време на дишењето, следете го природниот пораст и пад на абдоменот

– По неколку минути почнете да издишувате подолго отколку што вдишувате

– Повторувајте ја вежбата додека да заспиете

2-vezbi-za-disenje-koi-ke-vi-pomognat-da-zaspiete-ko-bajce-5.jpg

ВЕЖБА 2: Пребројувајте ги издишувањата

– Почнете со неколку вдишувања и издишувања низ нос

– Во период од една до две минути воспоставете бавен модел на дишење

– Почнете да ги броите своите издишувања од 1 до 5 и наназад. Не надминувајте со броење над 5, поентата е да се сконцентрирате на конкретните 5 издишувања. Доколку се изгубите почнете одново.

– Продолжете со броење се додека не заспиете

2-vezbi-za-disenje-koi-ke-vi-pomognat-da-zaspiete-ko-bajce-6.jpg

Извор: www.crnobelo.com

GOLD
To Top