Новости

Занимливости

Денеска е Светскиот ден на Нутела! Прославете со една голема тегла од ова задоволство!

Внимание чокољупци! Пристигна Светскиот ден на Нутела, па затоа подгответе ги своите тегли и лажиците в рака!

Светскиот ден на Нутеа се слави секоја година на 5 февруари, а „слатката“ прослава беше востановена во 2017 година од страна на американската блогерка, Сара Росо. Таа сметаше дека овој намаз заслужува да добие свој ден во годината кој ќе се прославува.

Идејата беше прифатена од љубителите на Нутела и прерасна во глобален феномен кој Сара го пренесе на Фереро во она што денес се слави како Светски ден посветен на Нутела од 2015 година.

Во случај да се прашувате како се слави Светскиот ден на Нутела…

Бевме сведоци на хаосот кој го предизвика намалувањето од 70% на Нутела во француските супермаркети, што значи тоа целосно ни ја пренесува сликата колку е сакан и баран овој производ.

Стандардно, овој ден љубителите на намазот го одбележуваат со споделување рецепти и слики со Нутела. Официјалната страна вклучува и начини како да се прослави денот:

  • Готвење со Нутела
  • Уметничко дело со Нутела
  • Песна за Нутела
  • Подарување Нутела
  • Правење Нутела забава

За да се вклучите во одбележувањето на Светскиот ден на Нутела, може да го употребите хаштагот #WorldNutellaDay.

Ние ќе го одбележиме овој специјален ден со споделување рецепт со Нутела:

 

 

 

To Top