Новости

Занимливости

Зошто кучињата се лижат себеси и ве лижат вас?

Можеби им е здодевно, сакаат да ви покажат љубов или имаат некој медицински проблем… Кучињата го прават ова од разни причини.

zoshto-kuchinjata-se-lizat-sebesi-i-ve-lizat-vas-01.jpg

Кучињата се најдобрите пријатели на луѓето. Љубовта ни ја покажуваат на разни начини, но најчесто со лижење.

Зошто кучињата ги лижат луѓето?

Кога кучињата ќе се родат првото нешто што го искусуваат е како нивната мајка ги лиже. Таа го прави ова за да го стимулира нивното дишење и да ги исчисти.

Потоа, како кученцата растат може да забележите дека тие ја лижат мајка си во пределот на муцката.

Тие имаат свој начин на комуникација и како растат потчинетите кучиња ги лижат доминантните. Можеби токму затоа и вашето куче ве лиже вас, бидејќи ве гледа како доминантни.

zoshto-kuchinjata-se-lizat-sebesi-i-ve-lizat-vas-03.jpg

Ова е навика на кучето која му предизвикува лачење на ендорфин и го прави среќно. Тие сакаат да ја покажат својата љубов кон вас преку своите дела.

Некои истражувачи пак велат дека причина плус за лижењето е и што го сакаат солениот вкус на кожата.

zoshto-kuchinjata-se-lizat-sebesi-i-ve-lizat-vas-04.jpg

Зошто кучињата се лижат себеси?

Кучињата се лижат себеси, иако не толку често како мачките. Најчесто тие го прават тоа затоа што им е здодевно.

Ако гледате дека вашето куче постојано го прави тоа, размислете колку долго го оставате само, дали го шетате доволно итн.

zoshto-kuchinjata-se-lizat-sebesi-i-ve-lizat-vas-05.jpg

Исто така, проблемот може да биде медицински како некоја алергија или воспаление на кожата. Ако видите дека кучето се лиже постојано на исто место или има појава на црвенилото, веднаш однесете го на ветеринар.

Обично не е проблем кога кучињата ве лижат, но ако сакате да престане вашиот миленик да бара внимание од вас на овој начин, секој пат кога ќе почне да ве лиже излегувајте од собата.

По некое време ќе сфати дека вам не ви се допаѓа оваа негова навика.

Извор: crnobelo.com.mk

GOLD
SN Finansii
To Top