Новости

Занимливости

Зошто некои луѓе не можат да ослабат и покрај вежбањето и диетите?

Понекогаш, луѓето вложуваат труд во вежбање и диети и сепак не слабеат, иако немаат посебни здравствени проблеми што би го спречиле тоа.

zoshto-nekoi-lugje-ne-slabeat-i-pokraj-vezhbanjeto-i-dietite-01.jpg

Дали знаете зошто е тоа така? Одговорот е едноставен – бидејќи им е од корист и потсвесно оваа ситуација им годи.

Прочитајте кои се 4-те психолошки бариери кои нѐ спречуваат да ослабеме:

Прекумерната тежина е корисна

Да, на многумина им е полесно да останат со прекумерна тежина, бидејќи може да ја поврзат како причина за проблемите:

  • Не може да си најдете партнер?
  • Не може да ја добиете работата од соништата?
  • Далеку сте од достигнување на животните цели?

Обвинете ја дебелината и несовршениот изглед, наместо да го барате проблемот длабоко во вас. Токму тоа е причината заради која не слабееме иако се трудиме. Нашата потсвест не ни дозволува.

zoshto-nekoi-lugje-ne-slabeat-i-pokraj-vezhbanjeto-i-dietite-02.jpg

Одличен изговор за мрзливоста

Сите понекогаш одложуваме некои работи за утре, задутре, следниот месец. Но, луѓето со прекумерна тежина, знаат да одложат некои работи и за следниот живот… кога ќе бидат слаби.

Дебелината им е одличен изговор: „не можам да танцувам, дебел/а сум“, „кога ќе ослабам, ќе вежбам секој ден за да се одржувам, сега ми е тешко“ и уште многу други слични изговори.

Но, досега сме виделе многу примери кои ни докажале дека тежината не е пречка за ништо, доколку имаме силна желба и мотив.

Па, додека некој седи дома и си вели дека не му е потребен тежок тренинг, има и такви кои се трудат и успеваат во своите цели без разлика на тежината и изгледот.

zoshto-nekoi-lugje-ne-slabeat-i-pokraj-vezhbanjeto-i-dietite-03.gif

Одличен начин за привлекување внимание

Кој не сака понекогаш да се жали и да привлече внимание? Епа, луѓето со прекумерна тежина можат тоа да го прават постојано – да се сожалуваат пред другите, бидејќи наводно се отфрлени заради изгледот.

Па затоа, секојдневно се жалат колку им е тешко што држат строги диети и имаат напорни тренинзи, а не постигнуваат никаков резултат, за другите да ги охрабруваат и жалат за нивното „мачење“.

zoshto-nekoi-lugje-ne-slabeat-i-pokraj-vezhbanjeto-i-dietite-04.jpg

Начин за нерешавање на проблемите со „самодовербата“

Неправилната самодоверба е уште една психолошка пречка за губење тежина. Ако некој постојано зборува за тоа колку си ги сака широките колкови и се фали со големиот задник, наоѓајќи изговори за дебелината, тогаш тој избира да остане таков каков што е.

Истото важи и за мислењето поврзано со генетика – „Мајка ми беше дебела, па сега сум и јас, наследно е…“ Ако сакате да ја продолжите семејната традиција, тоа е ваш избор и нема потреба да се тортурирате со диети и тренинзи.

Но, научниците тврдат дека генетиката не е неизбежна и дека само поставува предиспозиции, а вие може да се обидете да ги избегнете, доколку ги тргнете таквите мисли од глава со кои се терате да останете такви какви што сте заради погрешната перцепција на самодовербата.

zoshto-nekoi-lugje-ne-slabeat-i-pokraj-vezhbanjeto-i-dietite-05.jpg

Извор: www.crnobelo.com

To Top