Новости

Занимливости

Зошто не ни се допаѓа гласот кога ќе се слушнеме на снимка?

Познато ли ви е чувството кога ќе го слушнете сопствениот глас на видео снимка или на гласовна порака и не можете да поверувате дека така звучите? За тоа постои причини – зошто не можеме да се слушаме себеси како другите што не слушаат.

Уште од првиот снимен глас во 1860 година луѓето имаат можност да се слушнат самите себеси како што ги слушаат другите и често се ужаснати кога ќе си го слушнат гласот.

Пискав, длабок, никаков – премногу сме критични кога од нова перспектива ќе слушнеме звук за кој мислевме дека добро го познаваме.

Причината заради која не можеме да си го препознаеме гласот е затоа што ие и околината не слушаме на ист начин. Со оглед на тоа дека околината не слуша однадвир, а нас гласот ни доаѓа одвнатре, доживувањето на звукот е поинаков.

 

Заради звучните бранови кои ги произведува нашиот говорен апарат вибрираат ушните тапанчиња, внатрешното уво, гласните жици и дишните патишта. Со оглед на тоа дека телото е подобар проводник на ниските тонови од воздухот, нам гласот ни звучи подлабок отколку на оние кои не слушаат.

Слушањето на сопствениот глас на снимка е поинаков затоа што снимката ги нема вибрациите кои постојат додека се слушаме себеси. Но, и другите не не слушаат сосема исто како на снимката, токму заради вибрациите.

Кога прв пат ќе си го слушнеме гласот на снимка, првиот момент е изненадувачки бидејќи нема да се препознаеме, а со тоа и гласот ни се чини непознат, не чувствуваме наклонетост.

Истото ни се случува и со одразот во огледало. Имено, на сликите и на снимките никогаш не изгледаме добро како кога ќе се погледнеме во огледало. Работата е што повеќе пати ќе се погледнеме во огледало и на тој начин си создаваме наклонетост кон она што го гледаме.

 

Evrotip
Евротип
To Top